Утрински Весник
Свет

Индија: Тројца војници убиени во заседа, шестмина повредени

Индија: Тројца војници убиени во заседа, шестмина повредени

Тројца припадници на паравоените сили „Асам рајфлс“ беа убиени, a шестмина беа ранети во заседа во јужниот дел на индиската држава Манипур, на границата со Мјанмар.

Заседата се случила синоќа, на 100 километри јужно од Имфал, во близина на границата со Мјанмар, јавува „Индија тудеј“.

Припадници на „Асам рајфлс“ отишле во патрола во Конгтал, а на враќање од патролата, бунтовниците активирале експлозивна направа и отвориле оган.

Околу шест членови на оваа паравоена организација, кои се здобиле со полесни повреди, биле сместени во воената болница во Леимаконг.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Русите нападнаа воз во Украина

Мерц вети соработка со идниот француски претседател, без оглед на изборниот исход

Американската војска тврди дека уништила набљудувачка кула во иранското пристаниште Чабахар