Утрински Весник
Свет

Индија го потврди првиот смртен случај од мајмунски сипаници

Индија го потврди својот прв смртен случај од мајмунски сипаници, објавија властите во индиската држава Керала.

dobivaj vesti na viber

Човекот починал во саботата, а неговото семејство им кажало на локалните власти дека бил позитивен на мајмунски сипаници додека бил во Обединетите Арапски Емирати на 21 јули, објави „Ројтерс“.

Керала се наоѓа во југозападна Индија и има 33 милиони жители, што ја прави 13-та најнаселена држава во Индија.

Од регистрирањето на првите случаи во мај до денес во светот се потврдени повеќе од 23.000 случаи, а пациенти починале во Нигерија, Централноафриканската Република, Шпанија, Бразил, Гана и сега во Индија, пренесе „Телеграф.рс“.

Можете да прочитате

За секој напад на Иран во Хормуз САД ќе уништат по еден мост во Иран, се закани Трамп

Ортега: Нема веќе избори во Никарагва

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години