Утрински Весник
Свет

Индиец се вратил „од мртвите“ непосредно пред да го погребаат

Индиец се вратил „од мртвите“ непосредно пред да го погребаат

Необичен инцидент излезе на виделина во едно село во областа Читур, во индиската држава Андра Прадеш, каде што еден мртов човек, кого го носеле за да го погребаат, се разбудил од длабока дремка, пренесува „Спутник“.

Според локалните власти, човекот лежел во бесознание кога селаните го пронашле под едно дрво. Шокирани кога виделе непознато лице во таква состојба, селаните го известиле селскиот службеник Манохар и друг локален полицаец, кои го прегледале човекот и го прогласиле мртов, јави локалната новинска куќа „Сакши Самахар“ на својата веб-страница.

Подоцна, кога селаните го носеле „мртвиот човек“ за да го закопаат во јама близу селото, тој ненадејно се разбудил. Стаписаните селани го испратиле човекот со брза помош во болница, каде што закрепнал откако му била укажана лекарска помош.

Иако не се достапни многу информации за неидентификуваниот маж, полицијата во регионот ќе го истражува потемелно случајот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Речиси 70 проценти од Американците се незадоволни од образовниот систем

Велика Британија вети дека ќе обезбеди 100 милиони фунти за зајакнување на воздушната одбрана на Украина во текот на зимата

Трамп: Цените на нафтата ќе паднат кога ќе ја добиеме војната против Иран