Утрински Весник
Македонија

„Името го добив по дедо ми, Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

„Името го добив по дедо ми, Дане“ – Арсовска тврди дека не го менувала своето име и нема бугарско државјанство

Независната кандидатка за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ,  Данела Арсовска, и денеска на прес-конференција ги негираше обвинувањата дека поседува бугарско државјанство.

Одговарајќи на новинарски прашања таа истакна дека СДСМ шири лаги бидејќи стравува од пораз на локалните избори и најави тужби со надомест.

Арсовска рече дека не е вистина оти го променила името од Даниела во Данела. Според неа, СДСМ сака да ја претстави како кандидат со антидржавен елемент, и покрај тоа што владејачката партија е онаа која, како што рече, ги продала македонските национални интереси.

„Родена сум Данела Јовановска. Името го добив по дедо ми, Дане кој што е Македонец. Родена сум скопјанка, живеам во Скопје“, изјави Арсовска додавајќи дека намерно се шират лаги кусо пред изборите, со цел да се оневозможи низ постапка докажувањето на вистината.

Прашана дали ќе се соочи со кандидатот од СДСМ, Петре Шилегов, Арсовска нагласи дека нема да седне на маса со лица кои ја навредуваат и понижуваат.

Можете да прочитате

Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7%  животниот стандард паѓа

Миланов: Безбедната храна не е привилегија, туку основно право на секој граѓанин

Кривична за шест лица, новородено бебе „продадено“ за 500 евра