Утрински Весник
Македонија

(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

(Видео) Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Данела Арсовска освен бугарско државјанство има и бугарска лична карта издадена во 2011 година, тврди пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.

Според неа, документот е издаден една недела по крвавиот четврток на 27 април.

„Од вистината нема бегање. Веќе објавивме дека во 2011 година Арсовска се стекнала со бугарско државјанство за што постои и документ „Удостоверение“. Денеска пред јавноста објавуваме уште еден документ. Ова почитувани граѓани е личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти. Бугарско државјанство, бугарска лична карта на Арсовска. Со номер, со дата на раждане, потпис, со адреса во градот Петрич која патем се уште е важечка. Оваа лична карта на Арсовска е издадена на петти мај 2017 година. Само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април и насилниот упад во Собранието“, рече Петровска.

Таа упати прашање до Арсовска со каква намера и цел ја подигнала бугарската лична карта само неколку денови откако пропаднал обидот да се убијат пратеници и да се спречи демократска промена на власта.

„Арсовска може да се крие зад партиски соопштенија, а притоа да тврди дека е независна, но од вистината бегање нема“, рече Петровска.

Ништо не може да го сокрие фактот, додаде таа, дека таа освен што е конзул на Унгарија, освен што е потврдена инсталација на Груевски, поседува и бугарско државјанство и бугарска лична карта.

„Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања не проаѓаат кај граѓаните на Скопје. Не проаѓа во Скопје странска инсталација која работи против интересите на граѓаните. Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет. В недела на 31 октомври да се обединиме и да не дозволиме странски инсталации поврзани со минатото, да добијат можност да го уништуваат Скопје”, изјави пратеничката од СДСМ.

Можете да прочитате

Јакнење на соработката меѓу Јавното обвинителство и Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти

За една година се затвориле 14 училишта во Македонија

Бојмацалиев: Во периодот од 2017-2024 приведени над 7.000 лица од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка