Утрински Весник
Свет

Илјадници туристи заглавени на кинески остров поради појава на коронавирус

Десетици илјади туристи се блокирани на популарниот кинески остров за одмор Хаинан поради појава на коронавирус, соопштуваат кинеските државни медиуми.

dobivaj vesti na viber

Летовите и железничките услуги до градот Сања беа откажани откако беа откриени неколку стотици инфекции со Ковид-19 на островот, кој најчесто се нарекува „кинески Хаваи“, објавија денеска државните медиуми, пренесува ДПА.

Додека остатокот од светот се одлучи на „соживот“ со коронавирусот, Пекинг продолжува да следи строга политика за нулта Ковид, наметнувајќи строги „затворања“ на секоја појава на вирусот. Според заменик-градоначалникот на Сања, моментално во градот има над 80.000 туристи. Голем број посетители имаат викендички таму, додека околу 30.000 престојуваат во хотели, кои наводно нуделе 50 отсто попуст на собите за гостите кои сега не можат да заминат.

Целиот јавен превоз во градот вчера беше суспендиран, додека аеродромот ги откажа сите летови предвидени за денеска, според државната телевизија.

На видеото објавено на социјалните мрежи, се гледаат фрустрирани патници како викаат „сакаме да си одиме дома!“ додека службеник на аеродромот се мачеше да им каже да се вратат во нивните хотели преку мегафон.

Можете да прочитате

Макрон: Се надевам дека Французите нема да мора да се борат во Украина

САД се длабоко загрижени поради законот за „странски агенти“ на Грузија

Зеленски се обрати до нацијата: Се браниме кај Харков, во Доњецк е исклучително тешко