Утрински Весник
Свет

Илјадници летови за САД се откажани поради омикрон и временските услови

Илјадници летови за САД се откажани поради омикрон и временските услови

Илјадници меѓународни и домашни летови се одложени или откажани денеска поради неповолните временски услови и зголемувањето на заразени од омикрон.

Ова доведе и до прекин на патувањето за време на празниците.

Повеќе од 2.400 летови се откажани денеска ширум светот, вклучително и повеќе од 1.100 летови во САД и вкупно речиси 4.000 глобални доцнења, според информациите од сајтот за следење летови „FlightAware“, пренесува Ројтерс.

Можете да прочитате

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Чешките власти поднесоа обвинение против 32 лица за местење фудбалски натпревари

20.000 морнари се заглавени во Ормуската Теснина