Утрински Весник
Спорт

Ајзенбихлер доминантен на квалификациите во Гармиш

Ајзенбихлер доминантен на квалификациите во Гармиш

Германецот Маркус Ајзенбихлер доминираше на квалификациите на втората „станица“ од новогодишната турнеја „4 Скокалници“ во петокот во германскиот Гармиш-Партенкирхен пред утрешното натпреварување.

Со скок од 137 метри и 144.9 поени, Ајзенбихлер беше подобар од Јапонецот Рјоју Кобајаши (144 поени) и Германецот Карл Гајгер (138.4 поени).

Кобајаши е лидер на „4 Скокалници“ по победата во Оберстдорф, и ќе биде фаворит за титулата во генерален пласман, додека Германија се надева на Гајгер, кој е во најдобра форма во обид да стигне до првата победа во генерален пласман по славниот триумф на Свен Ханавалд пред 20 години.

> Ајзенбихлер доминантен на квалификациите во Гармиш <

Можете да прочитате

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино