Утрински Весник
Магазин

Илон Маск призна дека има таен профил на Инстаграм: Ми служи само за една работа

Најбогатиот човек на светот откри дека има таен профил на Инстаграм, а го отворил само поради сексуалната жед.

dobivaj vesti na viber

Основачот на „Тесла“ Илон Маск беше гостин во подкастот на популарните јутјубери Нелк бојс, а во интервјуто ги откри своите сознанија за вонземјаните, го предизвика Путин на УФЦ борба и ја предвиде третата светска војна.

Меѓу другото, тој се осврна и на темата социјални мрежи, вклучувајќи ја актуелната сага со „Твитер“ и проблемот со слободата на говорот на социјалните мрежи.

Маск, кој неодамна се најде во центарот на брачна афера, откри дека има таен профил на Инстаграм кој служи како „стапица за жед“, алудирајќи на објавување или пребарување содржини со сексуално привлечни конотации.

Станува збор за терминот „замка за жед“, кој се однесува на еден вид објава на социјалните мрежи наменета за сексуално привлекување на корисници. „Жедта“ на гледачот претставува сексуална фрустрација. Замката се поставува со намерно објавување на провокативна содржина која ја мами реакција на другата, заинтересирана страна. Откако епрвпат ќе реагира, личноста паѓа во стапицата и ја признава својата „жед“, односно својата потреба за вас.

Маск призна дека го отворил профилот за да може да кликне на различни линкови, но искуството не му се допаднало.

„Направив многу селфиња и различни с*ања и си реков: „Што е ова, човече? Зошто го правам ова?“. Се работеше за тоа како да добијам повеќе лајкови,“ призна милијардерот.

Поткаст епизодата со Маск беше објавена на „Јутјуб“ на 5 август и собра речиси седум и пол милиони прегледи.

Можете да прочитате

Напиток од лимон и маслиново масло за здрав црн дроб

(ВИДЕО) Тројца Руси скокнаа со падобран од стратосферата на Северниот пол и поставија светски рекорд

„Последниот“ 10. филм на Тарантино во мирување