Утрински Весник
Спорт

Икарди со хет-трик, ПСЖ го смачка Анжер

Икарди со хет-трик, ПСЖ го смачка Анжер

Пари Сен-Жермен се пласира во полуфиналето на францускиот куп откако Мауро Икарди со својот хет-трик ги предводеше до 5:0 победа над Анжер во нерамноправен меч на „Паркот на принцовите“.

Тој ги начна гостите уште во 9. минута, а во 23. минута беше 2:0 по автоголот на Винсен Мансо. Нејмар во 65. минута зголеми на 3:0, а Икарди три минути подоцна донесе 4:0 водство за да го комплетира хет-трикот во 90. минута.

> Икарди со хет-трик, ПСЖ го смачка Анжер <

Можете да прочитате

Вардар рутински против Шкупи, Пелистер ја совлада Македонија ЃП

ТФТ ја елиминира Сутјеска, против Широки Бријег за влез во АБА лигата

ТФТ избори финале во АБА 2 лигата