Утрински Весник
Свет

Израел со беспилотни летала ги растура протестите на Западниот Брег

Израел со беспилотни летала ги растура протестите на Западниот Брег

Израелските сили минатата недела користеле беспилотни летала за да ги растурат палестинските демонстрации на окупираниот Западен Брег, пренесува „Хаарец“.

Употребата на дронови од пошироки размери беше одобрена минатата недела и тие беа користени на Западниот Брег и во Ерусалим за време на викендот, пишува израелскиот весник.

Според „Хаарец“, израелските сили користеле беспилотни летала за фрлање канистри со солзавец за да ги растераат демонстрантите во предградијата на Витлеем и на други демонстрации во близина на контролниот пункт Каландија во северен Ерусалим.

Слични мерки биле употребени против демонстрантите во Појасот Газа пред три години. Израел верува дека оваа мерка е ефективна бидејќи им помага на војниците да избегнат конфронтации со демонстрантите. Беспилотните летала може да испуштат меѓу шест и 12 канистри гас одеднаш.

Можете да прочитате

Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога

Можно е Фицо да биде префрлен на лекување во Братислава

Делови од Нова Каледонија се надвор од државна контрола