Утрински Весник
Свет

Израел постепено ја отвора економијата по масовната вакцинација

Израел постепено ја отвора економијата по масовната вакцинација

Израел делумно ја отвори својата економија, што се смета за враќање кон нормалниот живот во таа земја, што беше овозможено со вакцинацијата.

Досега е вакцинирано речиси половина од населението, објави Ројтерс.

Продавниците се отворени за сите граѓани, но влезот во спортските сали, театрите и кината е ограничен само на луѓе кои примиле две дози од вакцината и на поранешни ковид-пациенти кои имаат имунитет и таканаречен „зелен пасош“, пренесува агенцијата.

Физичкото дистанцирање е сè уште на сила, а танцувањето е забрането во салите за прием, додека во синагогите, џамиите и црквите, половина од капацитетот на објектот може да се пополни.

Токму на денешен ден откако беше забележан првиот случај на Kовид-19 во Израел, олеснувањето на мерките е дел од планот на владата за постепено отворање на економијата, во време кога премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе се обидува да дојде до нов мандат.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори