Утрински Весник
Свет

Израел го одложи отворањето на границите за вакцинираните туристи поради индискиот вид

Израел го одложи отворањето на границите за вакцинираните туристи поради индискиот вид
Dik 300x250 mk

Израелската Влада одлучи да ја одложи одлуката за отворање на границите за вакцинирани туристи пред 1 август поради зголемувањето на бројот на заразени, најмногу со делта-сојот.

Првично беше планирано да се дозволи вакцинирани туристи да дојдат во Израел од 1 јули.

Покрај тоа, носењето заштитни маски на јавни места во затворен простор од денеска повторно е задолжително.

Во последните денови, делта-сојот на коронавирусот се повеќе се шири во земјата и има повеќе од 550 активни случаи, додека неодамна имаше помалку од 200. За време на најголемата криза минатата зима, бројот на активни случаи беше повеќе од 85.000.

Израелските власти неодамна препорачаа да се вакцинираат сите деца на возраст од 12 до 15 години, а Министерството за здравство објави дека „во специфични ситуации“ ќе треба да бидат ставени во карантин и оние кои биле вакцинирани или оние кои прележале Ковид-19.

Најавено е дека Израелците кои патуваат во таканаречените забранети земји, вклучувајќи ги Аргентина, Бразил, Индија, Русија и Јужна Африка, ќе бидат казнети доколку тоа го направат без специјална дозвола за патување.

Од 110 нови случаи на зараза во вторникот, 14 лица дошле од странство, а девет од нив биле целосно вакцинирани.

 

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети