Утрински Весник
Свет

Израел ги отвора границите за туристи, првпат од почетокот на пандемијата

Израел ги отвора границите за туристи, првпат од почетокот на пандемијата

Израел од денеска почна да прима индивидуални посети од туристи, првпат од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Властите се надеваат дека отворањето на границите на земјата за индивидуални патнички посети ќе даде нов живот во туристичката индустрија, која се бори со последиците што ги остави пандемијата.

Израел планираше повторно да ги отвори своите граници за туристи во текот на пролетта, но го одложи потегот поради зголемување на бројот на заболени предизвикан од делта варијантата на вирусот.

Оттогаш, земјата започна кампања за имунизација со трета доза на вакцината. Речиси половина од населението ја примило третата доза.

Патниците кои доаѓаат во Израел мора да покажат потврда за вакцинација или потврда за прележан коронавирус во последните шест месеци.

Можете да прочитате

Хаос во Париз: Маж со два кујнски ножа нападнал три жени, две се сериозно повредени

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина