Утрински Весник
Свет

Израелските трупи собориле дрон кој стигнал од Јордан

Израелските трупи собориле дрон кој стигнал од Јордан

Израелските трупи рано утрово соборија дрон кој се приближуваше кон северен Израел од правецот на Јордан, објавија израелските одбранбени сили.

Според армијата, дронот се движел кон областа Бет Шан на северот на Израел, пренесува „Тајмс оф Израел“.

„ Дронот го следеа единиците за противвоздушна одбрана. Фрагментите од дронот ги собраа безбедносните сили“ објави израелската армија.

Иако беспилотното летало се приближи до израелската граница од правецот на Јордан, не е целосно јасно дали потекнува оттаму.

Во 2018 година, вооружен ирански дрон, кој беше лансиран од сириската воздушна база Т-4, влезе во израелскиот воздушен простор во истата област пред да биде соборен од израелски хеликоптер.

Ова ги поттикна израелските одбранбени сили да започнат голема операција врз иранските позиции во Сирија.

Можете да прочитате

Британија потрошила 100 милиони фунти на гранични пунктови кои никогаш не биле искористени

Најмалку 21 лице загина откако потона чамец со мигранти крај брегот на Сенегал

Нови напади врз Иран нема да се случат ако преговорите напредуваат