Утрински Весник
Свет

Израелската војска уби палестински тинејџер

Израелската војска уби палестински тинејџер

Израелски војници убија 16-годишен Палестинец за време на конфликтот на окупираниот Западен Брег, соопштија денеска палестинските власти.

Според изјавата, израелската армија синоќа пукала во Палестинците, кои ги гаѓале со молотови коктели во близина на селото Беит. Убиен е уште еден Палестинец, кој е во болница, пренесува „Ројтерс“.

Локалните жители рекле дека Палестинците и припадниците на израелската армија се судриле во изминатите неколку ноќи.

Во исто време, израелскиот министер за одбрана Бени Ганц објави на Твитер дека 19-годишен Израелец им подлегнал на повредите, со кои се здобил во неделата кога бил ранет од огнено оружје од страна на еден Палестинец.

Друг Израелец беше полесно повреден во нападот што се случи во неделата на Западниот Брег.

Напаѓачот е уапсен, а според безбедносната агенција Шин Бет, тој не бил поврзан со ниту една милитантна организација.

Тензиите меѓу Израелците и Палестинците се зголемија за време на светиот муслимански месец рамазан.

Израел ги окупираше Западниот Брег и источен Ерусалим во 1967 година за време на шестдневната војна, а Палестинците бараат назад територии каде заедно со Појасот Газа сакаат да прогласат своја држава.

Можете да прочитате

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

Италијанскиот министер за одбрана Кросето ги повика западните земји да се ангажираат за преговори со Путин

Сијарто: Посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Унгарија е од историско значење