Утрински Весник
Македонија

Изминатото деноноќие 41 лице не го почитувале полицискиот час

Четири лица управувале возила за време на полицискиот час во Радовиш

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот 6 и 7 април, по однос на забраната за движење евидентирано е дека 41 лице не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 22 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштија од МВР.

Исто така, според статистичките податоци, на 186 лица им се издадени решенија за изолација, додека пак 350 лица потпишале изјави за самоизолација.

Истовремено, полициските службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирано едно лице кое не ги почитувало мерките за изолација. оџ/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Судењето за Кочани е тест за целото општество, мора да се води кристално чисто

Го излажал дека ќе го ослободи син му од притвор, при што му зел 7.750 евра

Нападнат ученик и 19-годишна девојка среде бел ден во Скопје