Утрински Весник
Македонија

Донација од мед и прополис за кумановските здравствени работници

Донација од мед и прополис за кумановските здравствени работници

Куманово, 7 април 2020 (МИА) – Пчеларите од здружението „Пчела“ од Куманово собраа мед и прополис и го донираа на здравствените работници од Куманово, по повод 7 април Меѓународниот ден на здравјето.

– Во акцијата собрани се 120 килограми мед и триесетина прополиси. На овој начин сакаме да им се одолжиме на здравствените работници, првите борци со коронавирусот, изјави претседателот на здружението Горан Митевски.

За донацијата е конатктирано со Oпштинскиот кризен штаб и со кумановската болница. Собраните количини мед и прополис веќе се доставени до здравствените установи. ам/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кривични пријави за вработен во „Галичица“ и превозник од Битола поради незаконски транспорт на дрва

Во гостиварско четири лица затекнати како вршат нелегален ископ барајќи злато

МОН со објаснување за проблемите во „Стив Наумов“