Утрински Весник
Култура

Изложба на уметницата Весна Стефановска во Музејот на современа уметност

Изложба на уметницата Весна Стефановска во Музејот на современа уметност

Од 4 до 23 септември, во Музејот на современа уметност во Скопје ќе се одвива првиот мултимедијален настан „Во длабоко и танцувајте“ (In deep and dance), на уметницата Весна Стефановска.

Изложбата содржи десетина дела на авторката од 1998 година меѓу кои инсталации во простор, видео инсталации, перформанс и „ready made“ содржини, групирани, артикулирани во циклусите „Отсуство“ (Absеnce), „Возови рефлексии“ (Train reflections), „Дојдете да видите како пoминува времето“, (Come and see the time go by), „Ничија“ (Nobody’s) и „Часовник“ (Timе piece). Како и премиерата на првата инсталација и перформанс од делото „В кревет“ (Bed time) истражување на нашиот однос кон подсвеста и интимноста, која секако треба да се открие.

Во сценографија конципирана од самата авторка, оваа изложба го прегрнува речеси целиот нејзин yметнички опус ставајќи го акцентот на делата реализирани од почетокот на 2000-тe години и група нови досега неприкажани дела.

Паралелно со поставката во Музејот на современа уметност, а во рамки на изложбата „Во длабоко и танцувајте“, уметницата нуди две инсталации во јавен простор под наслов „Возови рефлексии“ (Train Reflexions) во Старата Железницка Станица и „Oтсуство“ (Absence) на друга локација во градот, трансгресирајќи ги на тој начин границите помеѓу ентериер и екстериер, тука и таму, отворен и затворен, личен и јавен простор. Како дел од овој пристап кон просторот инсталацијата „Oтсуство“ ќе биде реализирана во повеќе збратимени градови на Скопје во странство и на пошироко интернационално ниво.

Изложбата е реализирана со поддршка и соработка со Музејот на современа уметност, Градот Скопје, Министерството за култура и Францускиот институт во Скопје.

Ова ќе биде нејзината втора самостојна изложба во земјава, по изложбата „Прозорец“ реализирана во 1997 година. Во меѓувреме го издвојуваме нејзиното учество на изложбата „Нарцисизми“ во 1999 година и перформансот „Ничија“ пред Универзалната Сала во 2018 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“