Утрински Весник
Свет

Словачки бизнисмен ослободен од обвинението за нарачка на убиството на новинарот Кучијак

Словачки бизнисмен ослободен од обвинението за нарачка на убиството на новинарот Кучијак

Судот во Словачка го ослободи тајкунот Маријан Кочнер од обвиненијата дека наредил убиство на истражувачкиот новинар Јан Кучијак и неговата свршеница, пренесува Би-би-си.

Атентатот врз новинарот во Словачка предизвика масовни протести и доведе до пад на владата на тогашниот премиер Роберт Фицо.

Поранешниот војник Мирослав Марчек во април годинава беше осуден на 23 години за учество во убиството.

Но, судот пресуди дека обвинителството не успеало да докаже дека Кочнер и третообвинетиот го наредиле убиството. Нивните ослободителни пресуди денеска ги објави судот во Пезинок, град северно од главниот град Братислава. Обвинителството најави дека ќе се жали на одлуката.

Јан Кучијак ја истражувал корупцијата и активностите на Маријан Кочнер, богат претприемач и трговец со недвижнини. Тој и неговата вереница беа застрелани во нивната куќа во близина на Братислава во февруари 2018 година.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Гардијан“: Русија губи 6.000 војници повеќе во Украина секој месец отколку што регрутира

Во Сеута останаа 5.000 мигранти, од кои 1.500 малолетни лица

САД потпишаа договор за нафта со Венецуела