Стрип центарот на Македонија на 6 ноември ќе го организира проектот стрип фестивал „Скопска стрип акција 2021“ финансиран од страна на Град Скопје.
Во рамки на настанот ќе се организира изложба со наградените дела од објавениот стрип конкурс на ниво на Град Скопје, а на авторите ќе им се доделат дипломи и пригодни награди.
1 место (Најдобар стрип во целина) добија Александра и Максим Ристески за стрипот„СЕ ДОДЕКА ИМА ПРИНЦОВИ СПРЕМНИ ДА ЈА БАКНАТ“
2 место (Стрип во целина) доби Евгенија Трајковска за стрипот „ЖИВОТ,СМРТ А ПОТОА!?“
3 место (Стрип во целина) добија Јана Илиевска за стрипот „ТАЈНИТЕ НА ЕЗЕРОТО“ и Мартина Величковска за стрипот„ВО ПЕКОЛОТ“
Награда за најдобар цртеж доби Ана Марија Стефаноска за стрипот „АНГЕЛИТЕ НЕ УМИРААТ“
Награда за најдобро сценарио( порака) доби Јана Бутеска за стрипот „ПРИКРИЕНАТА СОЛЗА“
Награда за алтернативен уметнички израз доби Ангела Петрушевска за стрипот „ ПРИКАЗНА ЗА ЖИВОТОТ И СМРТТА“
Награда за највозрасен учесник доби Тоде Блажески за стрипот „ПОЛИТИЧАРЧЕ“
Награда за најдобар автор до 18 години доби Тамара Мишовска за стрипот „КАЛИНКИ“
Награда за најмлад учесник доби Василиса Радева за стрипот „ПИЛИЊАТА ОД ФЛАМЕНГО“
Награда за дебитантски стрип доби Марија Ристујчин за стрипот „КОЈ ЧУКА НА ВРАТАТА?“
Диплома за учество (вон конкуренција) добија Душица Димитровска за стрипот „ПЕПЕРУТКА“ и Каја Домазетовска која ја изврши компјутерската изработка на стриповите на Василиса Радева и Марија Ристујчин.
Настанот ќе започне во 19 часот и 30 минути, а место на одржување е Културно социјалниот простор ЦЕНТАР – ЈАДРО.
На настанот ќе се почитуваат сите правила и прописи согласно Ковид-19 ситуацијата.