Утрински Весник
Спорт

„Играше Италија, не играа Милан и ПСЖ“

„Играше Италија, не играа Милан и ПСЖ“

Џиџи Донарума, не по своја вина, беше главен на теренот на „Сан Сиро“, на натпреварот Италија-Шпанија. Секој допир со топката што го имаше голманот на ПСЖ, беше испратен со жестоки свирежи од трибините на најголемиот стадион во Италија.

Навивачите на Милан и претходно најавија дека Донарума повеќе не е добре дојден во Милано.

Причината е јасна, голманот, во летниот преоден рок го напушти Милан и се пресели во ПСЖ.

„Секако дека за Џиџи и за сите нас таквото однесување не е во ред“, рекол италијанскиот селектор, Роберто Манчини и дополнил.

„Играше Италија, не играше некој клуб. Можеа да го скокнат овој натпревар и да се чуваат за евентуален натпревар Милан-ПСЖ. Италија треба да е над се“.

> „Играше Италија, не играа Милан и ПСЖ“ <

Можете да прочитате

Роналдо му ја честита титулата на Спортинг

Стојоски собори државен рекорд стар 44 години

Левандовски: Мбапе е пример за младите, јасно им дава до знаење дека не е важен само фудбалот