На 14 мај студиото Epic Games соопшти дека во соработка со студиото Rockstar Games ќе овозможат играта Grand Theft Auto V (една од најпознатите и најпопуларните игри од нејзиното пуштање во продажба), да биде бесплатна за превземање до 21 мај на нивната платформа.
Epic Games се познати по нивниот Unreal Engine кој им овозможува на корисниците да прават видео игри. Една од нивните најпопуларни игри во последниве неколку години што е развиена на овој софтвер е Fortnite.
Ова е прв пат од студиото на GTA V – Rockstar Games да направат акција во соработка со друга платформа така што нивната игра би била сосема бесплатна. Ова значи дека до 21 мај, секој кој што ќе направи корисничка сметка на нивната веб страна https://www.epicgames.com/store/ и ќе ја превземе играта во овој рок, ќе може да ја задржи и да ја игра бесплатно по завршувањето на рокот.
Оваа игра имаше огромен успех од нејзиното пуштање во 2013 година и е втора најпродавана игра со 120 милиони копии продадени низ целиот свет по Minecraft со 176 милиони и сè уште е една од најиграните игри поради редовно одржување на серверите што овозможуваат играње со други луѓе од страна на Rockstar Games.
Поради огромниот сообраќај на нивниот веб сајт, Epic Games имаа проблеми со одржување на страницата и соопштија дека работат да ги решат сите проблеми за да се справат со огромниот интерес и да им овозможат на сите заинтересирани да ја превземат играта.
We are currently experiencing high traffic on the Epic Games Store.
We are aware that users may be encountering slow loading times, 500 errors, or launcher crashing at this time and we are actively working to scale. We’ll provide an update as soon as we can.
— Epic Games Store (@EpicGames) May 14, 2020