Утрински Весник
Македонија

ЦЈЗ Прилеп: Дезинформације е тврдењето дека населбата „Тризла“ е жариште на корона вирусот

Втора жртва од корона вирусот во Прилеп, војниците воведуваат ред пред маркетите и банките

Центарот за јавно здравје – Прилеп ги демантира дезинформациите објавени од страна на општинскиот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека во населбата „Тризла“ се појавиле повеќе позитивни случаи на корона вирусот. Од Центарот за јавно здравје потенцираат дека во оваа населба има само седум регистрирани случаи од вкупно 193 во општина Прилеп.

– Петмина од седумте заболени од Ковид-19 во населбата „Тризла“ се членови на две семејства, а останатите двајца се од различни семејства. Едниот не е ниту жител на населбата, туку работи во дуќан во таа населба. Меѓу заболените има граѓани кои работат во други фирми. Според тоа, изворот не е утврден. Ние стручно ги следиме нивните контакти, вршиме активен надзор -изјави д-р Татјана Мургоска -Станимировиќ, епидемиолог од Центарот за јавно здравје.

Градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, апелира да не се шири паника меѓу граѓаните.

– Ова не е време за собирање дневно-политички поени на политичарите, за несериозен настап на поединци, на партиите, за ширење паника. Ова е време кога сите треба да бидеме сериозни и одговорни, кон своето и колективното здравје. Затоа апелирам и до моите сограѓани и натаму да ги почитуваат мерките за превенција и заштита. Сите заедно да дадеме придонес што поскоро да излеземе од оваа криза, со што помали последици за здравјето и животот, и помали штети врз економијата – истакна градоначалникот на Прилеп.

Во последното деноноќие во Прилеп се евидентирани тројца новозаболени со Ковид-19, така што вкупниот број изнесува 193 лица. Дополнително 160 граѓани се во самоизолација.

Во Инфективното одделение во прилепската болница се хоспитализирани 21 лице, од нив 16 се позитивни, а за останатите петмина се чекаат резултатите.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Лични документи ќе можат да се подигнат и во среда на денот на изборите 

Над 100 студенти од техниките факултети од земјава и регионот ќе учествуваат на научен конгрес “Science@FEEIT”

Обид за кражба во простории на објект на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал