Утрински Весник
Спорт

Иванишевиќ: Понудата да станам тренер на Ѓоковиќ беше како понуда од Реал Мадрид

Иванишевиќ влезе во штабот на Ѓоковиќ

Белград, 16 јуни 2020 (МИА) – Легендарниот Горан Иванишевиќ, кој во моментов е тренер на светскиот бр.1 Новак Ѓоковиќ, направи интересна споредба помеѓу српската тениска суперsвезда и најуспешниот фудбалски клуб во светот – шпанскиот гигант Реал Мадрид.

– Тоа е како да сум фудбалски тренер и ми се јавува Реал Мадрид, вели 48-годишниот Хрват, цитиран од „Тенис Ворлд“, потсетувајќи се на почетокот на неговата соработка со Ноле.

Иванишевиќ му се придружи на тренерскиот штаб на Ѓоковиќ на крајот на јуни 2019 година и му помогна на Србинот да ги освои последните 2 од неговите 17 Гренд слем титули (на Вимблдон 2019 и Австралија опен 2020).

Во својата кариера како тенисер, Иванишевиќ има освоено 22 титули и достигна до бр.2 на светскиот ранг. Тој загуби три финалиња на Вимблдон пред триумфот на „светата трева“ во Лондон во 2001 година, со што стана првиот и единствен играч кој освоил Гренд-слем турнир со „вајлд-карта“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност