Утрински Весник
Македонија

Ибрахим во Охрид: Во следниот мандат очекувајте уште поголем економски развој

Ибрахим во Охрид: Во следниот мандат очекувајте уште поголем економски развој

Елиминирајќи ги поделбите и омразата, ставивме крај на поларизацијата и почнавме да градиме општество во кое секој граѓанин ќе се почуствува рамноправен, рече на трибина во Охрид, претседателот на Партијата за движење на Турците (ТХП), Енес Ибрахим, кој исто така е и кандидат за пратеник во петтата изборна единица на коалицијата „Можеме“.

„Од земја која е скарана со своите соседи, прераснавме во земја која е респектирана членка на сојузот НАТО. Со дисциплина и заедничка посветена работа верувам дека со брзи чекори ќе се движиме и кон влезот на Европската Унија. Тоа го умееме и можеме“, порача Ибрахим.

Во своето излагање тој истакна и дека во следните 4 години акцентот ќе биде ставен на економскиот развој.

Објаснувајќи ги проектираните економски политики и планови кои се наоѓаат во изборната програма на ТХП, која е интегрирана и во програмата на коалицијата „Можеме“, претседателот на паријата нагласи дека ТХП пред своите гласачи излегува со конкретни решенија и во доменот на културата и образованието.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути