Утрински Весник
Македонија

Николовски бара поддршка од текстилците: Минимална плата од 20.000 денари и недела – неработен ден за сите

Николовски бара поддршка од текстилците: Минимална плата од 20.000 денари и недела – неработен ден за сите

Бараме поддршка од текстилците, за да обезбедиме минимална плата од 20.000 денари и недела да биде неработен ден за сите, изјави од Штип, генералниот секретар на СДСМ и ностел на листата во ИЕ 3, Љупчо Николовски. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ носи опасност и поништување на се што досега било постигнато.

„Се обврзуваме, тука од Штип, од градот којшто навистина е познат по заштитата на работничките права, дека ќе продолжи растот на минималната плата. До крајот на следниот мандат таа ќе достигне 20.000 денари, предвидуваме раст од 40 проценти. Она што го предизвикавме во овој период, раст на платите во сите сектори, доведе и до зголемување на просечната плата, таа ќе продолжи да расте до 34.000 денари. Особено ме радува што беше прифатен нашиот концепот кој ќе биде воведен веднаш по формирањето на новата политичка влада во август, а тоа е концептот недела неработен ден. Многу малку време употребуваме за нашите семејства, навистина недела треба да е ден за семејството, ден за нашите најблиски и тоа им го должиме на работничките, на работниците“, рече Николовски.

Тој побара поддршка од работниците.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Лидерите на „ВРЕДИ“ на средба со Албин Курти

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Ватикан и Рим по повод чествувањето на Св. Кирил и Методиј

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна