Утрински Весник
Култура

“Злосторникот“ на авторот Даниел Петровски на сцената во Дом на АРМ

“Злосторникот“ на авторот Даниел Петровски на сцената во Дом на АРМ

Вчера, во Дом на АРМ, беше поставена театарската претставата „Злосторникот“ од автор и режија Даниел Петровски.

Публиката за миг се наврати на времето од Втората светска војна, кога Ромите беа затворени и измачувани во логорите Јасеновац и Аушвиц.

Во претставата учествуваа вкупно 14 актери, меѓу кои и овогодинешниот лауреат и голема звезда на македонскиот филм, Северџан Бајрам.

Иако претставата разработувала тематика од пред 80 години, сепак, режисерот поставил театарски симболи користејќи ја практиката на Брехт и Станиславки, за сегашната ситуација во која се наоѓа ромската заедница.

Актерите пренесоа силна порака за единство и сплотеност на заедницата во борбата против дискриминацијата и антициганизмот.

Претставата е продуцирана од Асоцијација Романо Ило со соработка со Н.У. Филмски центар Вардар Филм а во покровителство на Министерството за култура.

Текстот “Злосторникот“ на авторот Даниел Петровски на сцената во Дом на АРМ е превземен од МАКФАКС.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“