Утрински Весник
Спорт

Златото во машки двојки за Мектиќ и Павиќ

Златото во машки двојки за Мектиќ и Павиќ
Ss2

Никола Мектиќ и Мате Павиќ ги победија сонародниците Марин Чилиќ и Иван Додиг и го освоија златниот медал во двојки, на Олимписките игри во Токио. Ова беше прво финале на дублови од иста држава по цели 113 години.

Најдобриот светски дубл, до златниот медал, дојде во супер-тајбрејкот. Првиот сет го освоија со 6/4, вториот го загубија со 3/6, а решавачкиот сет го добија со 10/8.

300x250 (7)

Мектиќ и Павиќ, во својата прва заедничка сезона, освоија осум АТП турнири, од кои најзначаен Вимблдон. Блескавата сезона ја надополнија со златен олимписки медал.

Бронзата им припадна на Маркус Даниел и Мајкл Венус од Нов Зеланд. Во малото финале тие со 7/6, 6/2 ги победија Американците Остин Крајчек и Тенис Сандгрен.

> Златото во машки двојки за Мектиќ и Павиќ <

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул го избра Слот за наследник на Клоп

Американците бараат суспензија и за Јокиќ по инцидентот кој го предизвикаа неговите браќа

Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе играм барем уште еднаш со Надал