Утрински Весник
Спорт

Златан се врати на тренинзи, ќе игра против Верона

Златан се врати на тренинзи, ќе игра против Верона
Ss2

Златан Ибрахимовиќ, конечно, се врати на тренинзи со Милан и може да биде дел од составот за мечот со Хелас Верона овој викенд.

40-годишниот Швеѓанец оваа сезона има само еден настап како замена оваа сезона, постигнувајќи гол при 2:0 победата против Лацио на 12 септември. Тој беше на операција на коленото во текот на летото пропуштајќи го ЕВРО 2020, а потоа ја повреди ахиловата тетива со пребрзаниот камбек.

300x250 (7)

Според „Скај спорт Италија“, тој почнал со тренизите со првиот тим, заедно со Давиде Калабрија и Раде Круниќ, кои исто така беа повредени. Се очекува тој да биде на клупата против Верона и да влезе во игра.

> Златан се врати на тренинзи, ќе игра против Верона <

Ss1

Можете да прочитате

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов

Хулкенберг се сели во Заубер