Утрински Весник
Спорт

Зијеш: Ваха ти си кловн, кажи ја вистината

Зијеш: Ваха ти си кловн, кажи ја вистината

Скандалот во фудбалската репрезентација на Мароко добива нова димензија. Вчера, селекторот Вахид Халилхоџиќ, го исфрли од националниот тим најдобриот играч Хакин Зијеш.

Халилхоџиќ (69), рече дека Зијеш не се залага на тренинзите, глумел дека е повреден и дека не е дисциплиниран.

Ѕвездата на Челси експресно му одговори на селекторот.

На Инстаграм напишал: „Следниот пат кажи ја вистината“ и ставил емотикон кој прикажува кловн.

По ваквата реакција од Зијеш јасно е дека тој нема да игра за националниот тим додека селектор е Халилхоџиќ.

> Зијеш: Ваха ти си кловн, кажи ја вистината <

Можете да прочитате

Норвешка побара истрага од ФИФА за наградата за Трамп

ЕХФ отвори истрага за наводни расистички навреди на реваншот во Охрид

Турците доминираа од првата минута, Македонија поразена со 4:0