Утрински Весник
Спорт

Зенит го потврди трансферот на Берон

Зенит го потврди трансферот на Берон

Американецот Били Берон е најновото засилување на кошаркарскиот клуб Зенит од Санкт Петербург. Берон со рускиот клуб потпишал две годишен договор.

„Драго мие е што добив можност да играм во Евролигата со Зенит и што ќе работам со тренерот Чави Пасквал. Во овој момент тимот ми изгледа добро, мислам дека ќе постигнеме добри резултати во Евролигата и ВТБ лигата. Слушнав дека Санкт Петернург е прекрасен град, јас и сопругата се радуваме што ќе живееме таму“, рекол поранешниот играч на Црвена звезда.

29 годишниот Американец последните две сезони ги мина во Црвена звезда, претходно играч за Ескишехир, Мурсија, Шарлора и Ритас.

 



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Дресот на Пеле од финалето на СП 1958 продаден за 4.8 милиони долари

Нов проблем за ФИФА и одигрувањето на финалниот натпревар

Тенисерките примиле над 12.000 навредливи пораки на социјалните мрежи