Утрински Весник
Свет

Земјотресот ја погоди Словенија, почувствуван е и во Хрватска

Земјотресот ја погоди Словенија, почувствуван е и во Хрватска

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Словенија утрово во 08:18 часот, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Земјотресот е регистриран на длабочина од 12 километри.

Епицентарот на земјотресот бил блиску до хрватската граница – 16 километри од Неделишче и 75 километри северно од Загреб, пренесува Индекс.хр

Вознемирените граѓани коментираат на социјалните мрежи.

„Добро се тресеше“, пишува еден.

-Креветот многу ми се тресеше, скокнав на нозе, не знаев што се случува – јавуваат други, пренесува 24сата.хр.

Можете да прочитате

Само во ноември во руско-украинската војна загинаа најмалку 249 цивили

Русија и Кина со „широк консензус“ за Украина и Јапонија

Пекинг бара од САД да ги прекинат официјалните контакти со Тајван