Утрински Весник
Свет

Зеленски: Русија мора да биде прогласена за држава која го спонзорира тероризмот

Зеленски: Русија мора да биде прогласена за држава која го спонзорира тероризмот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека Руската Федерација мора да биде прогласена за држава која го спонзорира тероризмот, а нејзините вооружени сили за терористичка организација.

Според него, Киев работи и на тоа „демократскиот свет“ да одговори со санкции против сите руски функционери кои ја поддржуваат, како што рече, „оваа срамна војна“, пренесува „Укринформ“.

Тој истакна дека шестиот пакет санкции подготвен од Европската Унија ќе биде „навистина болен за руската воена машина и за руската држава во целина“.

– Во сите преговори нагласувам дека санкциите не се неопходни сами по себе, туку како практично оружје што би ја мотивирало Русија да се стреми кон мир – додаде Зеленски.

Тој оцени и дека партнерите на Украина почнале подобро да ги разбираат потребите на таа земја.

– Драго ми е што можам со внимателен оптимизам да кажам дека партнерите на Украина почнаа подобро да ги разбираат нашите потреби. Тие разбираат што точно ни треба и кога ни треба и ни треба итно бидејќи Русија се обидува да ги интензивира нападите – рече Зеленски.

Можете да прочитате

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет

Трамп: За две минути од разговорот со Путин ќе знам дали може да се постигне договор за војната во Украина