Утрински Весник
Свет

Градоначалникот на Харков: Градот е под силно руско бомбардирање

Градоначалникот на Харков: Градот е под силно руско бомбардирање

Вториот по големина украински град Харков, на североистокот на земјата, денеска е под интензивно руско гранатирање, изјави градоначалникот Игор Терехов, пренесува Ројтерс.

– Огромни експлозии, Руската Федерација силно го бомбардира градот – рече Терехов во телевизиско обраќање.

Тој наведе дека во градот во североисточна Украина останале околу милион луѓе, додека евакуирани се околу 30 отсто од населението, главно жени, деца и постари лица, наведува британската агенција.

Можете да прочитате

Кремљ ги одби Американците: Враќање на испораките на гас за Европа преку Украина се невозможни

Поранешната канцеларка Ангела Меркел ќе учествува во изборот за германски претседател

Такер Карлсон: Трамп во наредните денови би можел да нареди нуклеарен напад врз Иран