Утрински Весник
Свет

Зеленски: Разговарав со папата, благодарни сме за неговите молитви за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер објави дека денеска разговарал со папата Франциск.

dobivaj vesti na viber

„Тој е запознаен со агресијата што Руската Федерација ја спроведува во Украина, со страшните злосторства на Русија“, напиша Зеленски на Твитер.

„Ние сме му благодарни на папата за неговите молитви за Украина. На нашиот народ му е потребна поддршката од светските духовни водачи, кои мора да му ја пренесат на светот вистината за ужасите што агресорот ги прави во Украина“ – додаде украинскиот претседател.

Можете да прочитате

Кремљ го отфрла прекинот на огнот, сака долгорочен мировен договор

Ураган го погоди Мексико, се очекуваат катастрофални последици“

Песков го поддржува повикот на Трамп за смена на Зеленски. „Тој не покажува политичка волја“