Утрински Весник
Свет

Зеленски: На руската „гасна војна“ да се возврати со посилни санкции

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика Европа да одговори на руската „гасна војна“ со зголемување на санкциите против Москва.

dobivaj vesti na viber

„ Уценувањето на Европа со гас, кое само се влошува секој месец, и е потребно на една терористичка држава за да го влоши животот на секој Европеец. И ова всушност може да се сфати како поттик осмиот пакет санкции на ЕУ да биде значително посилен од претходните седум кои што неодамна беа одобрени“, нагласи Зеленски.

Украинскиот претседател оцени дека има нови закани со гас за Европа и изјави дека Русија нема да продолжи да испорачува гас за европските земји, иако е обврзана со договор, пренесува „Гардијан“.

Можете да прочитате

Нови ирански напади врз Кувајт, Јордан и Бахреин

Речиси 100 американски војници повредени во ирански напади за две недели

„Рајанер“: Прелиминарната истрага за инцидентот со прозорецот упатува на оштетување на моторот од „туѓ предмет“