Утрински Весник
Свет

Зеленски и Ердоган: Продолжувањето на војната не е во ничија корист

Зеленски и Ердоган: Продолжувањето на војната не е во ничија корист

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку својот Твитер профил објави дека остварил телефонски разговор со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

Зеленски рече дека го информирал Ердоган за напредокот на украинскиот народ во борбата против агресијата. Тој се заблагодари за важната поддршка.

– Разговараа и за начините за интензивирање на мирниот дијалог – посочи Зеленски.

Од друга страна, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека ќе продолжи да прави напори за организирање средба меѓу Зеленски и Путин. Тој исто така посочи дека продолжувањето на војната не е во ничија корист и дека целта е што поскоро да се постигне траен прекин на огнот во Украина.

Нагласувајќи дека Турција продолжува да испраќа хуманитарна помош за украинскиот народ, Ердоган рече дека е од големо значење хуманитарните коридори да останат проодни и безбедни.

Можете да прочитате

Зеленски го потврди тридневното примирје со Русија и размената на 1.000 затвореници

Рубио: Очекувам Иран да достави сериозен предлог за прекин на огнот

САД ги објавија првите тајни документи за НЛО