Утрински Весник
Свет

Зеленски го повика Шолц да покаже јасна поддршка за Украина

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски во интервју за германската телевизија ЗДФ рече дека Германија не треба да се обидува да ги балансира своите интереси меѓу Украина и односите со Русија, пренесува Би-би-си.

„Потребно ни е уверување од канцеларот Шолц дека Германија ја поддржува Украина. Тој и неговата влада мора да одлучат, не може да има компромис меѓу Украина и односите со Русија“, рече украинскиот лидер.

Германскиот канцелар ја бранеше Германија од обвинувањата дека нема да и’ го испорача оружјето што и’ го вети на Украина.

Според Шолц, пред да биде испорачано модерното оружје во Киев, украинските војници треба да бидат обучени како да го користат.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад