Утрински Весник
Македонија

Зелените од ДОМ со план за одржлив развој по коронавирусот

Зелените од ДОМ со план за одржлив развој по коронавирусот
Dik 300x250 mk

Со цел успешно справување со здравствените и социо-економските последици од корона кризата, Зелената партија ДОМ предлага Зелен пост-корона план, за економски развој, заштита на здравјето, животната средина и климата. Овој Зелен план ги вградува принципите на одржливост, солидарност и отпорност на евентуални идни кризи. Мерките за пост-корона економската трансформација мора да се насочат на заштита на луѓето и планетата.

Главни столбови на Зелениот план се Зелена економија, социјална правда, владеење на правото и почитување на човековите права.

ДОМ смета дека во пост-корона периодот економскиот развој треба да се базира на принципите на Зелената економија. Главните инвестиции треба да се насочат кон намалување на загадувањето на животната средина, на потрошувачката на енергија и промовирање на употребата на чиста енергија. Со цел замена на фосилните горива со обновливи извори на енергија инсистираме на интензивно стимулирање на користење на сонцето и ветерот, како и на реновирање на објекти со цел да се зголеми енергетската ефикасност на зградите во јавниот, комерцијалниот сектор и домаќинствата, како и примена на концептот на паметни зелени градови.

Грантови за помош на бизнис секторот да се доделуваат на социјално и еколошки одговорни компании што инвестираат во зелени технологии и отворање зелени работни места.

Во иднина не смее да се отвораат нови рудници за експлоатација на јаглен и металични суровини. Да не се доделуваат концесии за изградба на мали хидроелектрични централи во заштитени подрачја и на реки коишто се притоки на вештачките хидроакумулации што се користат за водоснабдување, наводнување, производство на електрична енергија, спорт и рекреација.

ДОМ се залага за имплементирање на Зеленото сценарио на Стратегијата за енергетика, како и отстранување на употребата на јагленот за производство на електрична енергија до 2025 година.

– Да се обезбеди најмалку 40% учество на обновливи извори на енергија од сонцето и ветерот до 2040 година

– Да се субвенционира производството на електрична енергија од обновливи извори на енергија во домаќинствата

– Да се поттикне формирање енергетски кооперативи

– Да се субвенционираат индивидуалните земјоделски производители и земјоделски стопанства за користење обновливи извори енергија во производството

Зелениот пост-корона план предвидува инвестирање во:

– Енергетска ефикасност на зградите, индустриските процеси и транспортот

– Зелени паметни градови што имаат еколошки и ефикасен јавен транспорт, велосипедски патеки и слободни пешачки зони

– Зелена инфраструктура формирана од паркови и зелени коридори долж реките и булеварите, најмалку 25м2 зеленило по глава на жител

– Железничка мрежа и електрификација на транспортот

– Дигитализација, истражувања и иновации

– Одржлив и алтернативен екотуризам, со цел зголемување на приходите на локалното население

– Локално органско производство на храна

– Проекти за реализирање на препораките на УНЕСКО за Охридскиот регион да го зачува статусот на светско природно и културно наследство

Зелениот план предвидува и:

– Препрогласување на Националниот парк Маврово, Споменикот на природата Матка и парк-шумата Водно

– Ревалоризирање и заштита на Споменикот на природата Охридско Езеро

– Да се прогласи Шар Планина за Национален парк, а Осоговските Планини за Заштитени предели

– Да се изградат сите регионални санитарни депонии и да се санираат сите диви депонии до 2027 година

– Да се санираат сите “жешки еколошки точки” со историско загадување до 2030 година

– За ефикасна борба против загадувањето на воздухот, водата и почвата, Зелениот план предвидува:

– Ригорозно да се казнуваат субјектите што ги прекршуваат одредбите од интегрираните еколошки дозволи и елаборатите за заштита на животната средина

– Да се изврши ревизија на А и Б интегрираните еколошки дозволи и еколошките елаборати

– Да се зголеми ефикасноста на инспекцискиот надзор и да се координираат активностите на инспекциските служби на национално и локално ниво.

– Да се подобри пристапот до правда во животната средина и да се санционира еколошкиот криминал.

Текстот Зелените од ДОМ со план за одржлив развој по коронавирусот е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

(Видео) Не е само почвата – и Вардар е затрупан со ѓубре

ВМРО-ДПМНЕ врши притисоци и уцени, се пожали Филипче

Обвинителство со детали за апсењето на директорот на „Комунална хигиена“