Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Здружение на приватни аптеки: Заштитните маски се со повисоки цени како резултат на зголемените цени од добавувачите

Прилепчани информирани за новините при набавката на лекови од позитивната листа 
300x250 opst2

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Здружението на приватни аптеки соопшти дека сака да се огради од шпекулациите на одредени субјекти, дека во овие сериозни моменти на опасност од појава на епидемија од коронавирус, аптеките се ставаат во функција на профитери со неразумното покачување на цените на Заштитните маски за лице.

Точно е, посочуваат од Здружението, дека цените на заштитните маски се зголемени, но тоа е резултат на неколкукратно зголемените набавни цени од страна на добавувачите.

Со вакви невистини се руши дигнитетот на аптеките кои се составен дел на здравствениот систем на државата. Воедно укажуваме дека фармацевтот во аптека, како најдостапен здравствен работник, секогаш е во функција на зачувување на здравјето на граѓаните , едукација за превенција и заштита од вирусни инфекции, како и евентуалната епидемија од коронавирус, стои во соопштението. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче за Кузмановски: Многу сериозно прашање е дали во таква состојба не загрозил некои пациенти

Ќе остане ли без лиценца докторот што „шмркаше“ а не беше болен?

МВР: Казнет е возачот на службеното возило што дивееше низ Скопје