Утрински Весник
Култура

Здружението на џез музичари кај Пендаровски ја нагласи потребата од простор за работа на Биг бенд оркестарот

Здружението на џез музичари кај Пендаровски ја нагласи потребата од простор за работа на Биг бенд оркестарот

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Здружението на џез музичари и слободни уметници – ЗЏМ, Скопје.

Информирајќи за актуелните предизвици со коишто се соочуваат, претставниците на ЗЏМ ја истакнаа важноста од соодветна вклученост на компетентни лица во одлучувачките процеси во областа на џез културата.

Од Здружението ја нагласија неопходноста од институционализација и обезбедување простор за работа на ЗЏМ Биг Бенд Оркестарот, од вклучување на нивни членови во процесот на распределба на средствата за финансирање на проекти од областа на џез музиката, коишто се од национален интерес, како и потребата од ревидирање на работата на двете џез академии кои функционираат во рамки на Универзитетите во Скопје и во Штип, за поуспешно реализирање на главната цел – подигнување на џез културата во земјава.

Осврнувајќи се на предизвиците произлезени од Ковид-19, претседателот Пендаровски нагласи дека културата е значително погодена од пандемијата.

И покрај предизвиците, Претседателот го нагласи исклучително значајниот придонес на Здружението на џез музичари и слободни уметници во афирмацијата на џез културата во земјава и во странство, охрабрувајќи ги заложбите за споделување на нивните искуства, како и за подобрување на условите за изведба и создавање на квалитетна музика, како траен белег и еден од фундаментите на секое општество.

Здружението е основано во 2016 година и во него членуваат дел од најреномираните џез музичари од земјава, студенти и професори на џез академиите во Скопје и во Штип како и слободни уметници. Се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, организира џез фестивали и соработува со меѓународни организации коишто ја негуваат истата дејност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“