Утрински Весник
Македонија

За 24 часа 481 прекршок за неносење маска и 155 приведени за време на полициски час

За 24 часа 481 прекршок за неносење маска и 155 приведени за време на полициски час

Скопје, 6 јуни 2020 (МИА) – Во првите 24 часа од враќањето на рестриктивните мерки, регистрирани се 481 прекршоци кај лица кои не носеле лична заштита, а 155 се приведени од 203 лица кои не ја почитувале  забраната за движење.

Како што соопшти МВР, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија на 722 лице им се издадени решенија за изолација, а 185 лица потпишале изјави за самоизолација.

-Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, се наведува во соопштението на полицијата. бк/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повторно судење за второ и трето обвинетиот лекар за случајот со родилката од Дебар

Охриѓанец со лажно одобрение за градба рекламирал и продавал станови кои не постојат

ФЗО: Буџетот достигна 836 милони евра, скок на транспарентноста минатата година