Утрински Весник
Македонија

За шест часа казнети 68 возачи за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес

За шест часа казнети 68 возачи за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес

Полицијата казни 68 возачи за брзо возење на автопатот Куманово-Скопје-Велес, соопшти МВР.

„Денеска во периодот од 14 до 20 часот Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес, при што санкционирани се 68 возачи. 33 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а четворица со дури над 70 километри на час над дозволеното“, велат од МВР.

Од таму најавија дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Можете да прочитате

ПОЛИЦИЈА И БРЗА ПОМОШ НА ПАТОТ ГОСТИВАР – МАВРОВО: Тешка сообраќајна несреќа

Жените ги нападнале мажите – три одделни случаи стигнале до полицијата

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ на вонредните избори во Брвеница