Утрински Весник
Македонија

За шест часа казнети 348 возачи за брзо возење

За шест часа казнети 348 возачи за брзо возење

Полицијата за шест часа казни 348 возачи за брзо возење на територија на цела држава, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 08 до 14 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возачи кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Санкционирани се вкупно 348 возачи. Од нив, 77 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 15 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Најмногу санкции се изречени на територија на СВР Тетово-70 и СВР Охрид-67.

Можете да прочитате

Коцевски: Се водат повеќе предистраги и истраги за дивоградби, не се сомневам во работата на обвинителите

АСОМ: Итно стопирање на законот за игри на среќа – 10.000 луѓе остануваат без работа

Тошковски и Саити потпишаа меморандум за соработка: Во фокусот превенцијата и одговорот при кризни и вонредни состојби