Утрински Весник
Македонија

За судската полиција да не важи ограничувањето за исплата на додатоци на плата, бара синдикатот

За судската полиција да не важи ограничувањето за исплата на додатоци на плата, бара синдикатот

Битола, 9 април 2020 (МИА) – Независниот синдикат на Судската полиција бара изземање од владината одлука со која се ограничува исплатата на додатоци на плата за целиот јавен сектор, освен за припадниците на МВР, АРМ и здравствените работници.

 

Според Владимир Литовски, претседател на независниот синдикат на Судска полиција на Македонија, кој воедно го претставува мнозинството на судски полицајци во државата, членовите на овој синдикат, како професионалци, исто така еднакво се ангажирани и работат по 24 часа секој ден.

-Работиме совесно и со зголемен обем на обврските. Сметаме дека не треба да сме издвоени од владините одлуки кои важат за МВР и АРМ. Бараме Владата на првата наредна седница да изврши измена и дополнување на оваа уредба на начин што ограничувањето на исплата на додатоци и надоместоци да не се однесува на судските полицајци кои согласно закон се вработени во јавен сектор и се овластени службени лица, исто како припадниците на МВР и АРМ, посочи Литовски на прес конференција во Битола.мт/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Следните избори ќе бидат борба за правото, реформите и враќање на достоинството на Македонија, порача Мицкоски

СДСМ: Мицкоски заборава кој му е во коалиција – луѓето што ја направија транзицијата се во ЗНАМ

Сиљановска-Давкова: Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка