Утрински Весник
Спорт

„За Ред Бул, Гасли е подобро решение од Перез“

Серхио Перез, возач на Ред Бул, во последно време бележи одлични резултати на патеката. Тој славеше во Монте Карло, беше втор во Барселона и моментално е на третото место во генералниот пласман на Формула 1.

За добрата форма во која се наоѓа Ред Бул го наградија со нов договор. Мексиканецот неодамна го продолжи договорот до 2024 година. Сепак, не мислат сите дека новиот договор за Перез е вистински потег зн Ред Бул.

Фелипе Маса, поранешен ас на Ферари, смета дека Ред Бул требало да ја одберат втората опција.

„Мислам дека повторно го заобиколија Пјер Гасли. Дечкото е неверојатен и со многу полош болид во Алфа Таури бележи одлични резултати. Тој би било одличен тандем со Ферстапен“, изјави Бразилецот.

Гасли го привлече вниманието кон себе со сензационалната победа за Големата награда на Италија во 2020 година. Од почетокот на 2021 година има само еден пласман на подиумот.

> „За Ред Бул, Гасли е подобро решение од Перез“ <

Можете да прочитате

Зеленортските острови испишаа историја и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот

Ѓорческа во првото коло на Вимблдон против ланската финалистка Анисимова

Еквадорскиот претседател го прогласи денешниот ден за национален празник