Утрински Весник
Македонија

За една недела доделена помош за 360 лица во социјален ризик

За една недела доделена помош за 360 лица во социјален ризик

Тетово, 26 мај 2020 (МИА) – За една недела, од минатиот понеделник до вчерашниот ден, волонтерите на општинската организација на Црвениот крст однесе пакети со храна и хигиенски производи за речиси 360 лица во социјален ризик. Во текот на изминатата недела Црвениот крст доби 50 пакети со прехранбени артикли донација од културно хуманитарната организација Мерхамет кои ќе им се делат на социјално загрозени семејства во тетовскиот регион.

-Во текот на изминатата недела во акциите поврзани со справување со состојбата поради Ковид19, извршени се две достави на лекови на луѓе во државен карантин во хотелите на Попова Шапка и уште две за болни лица во градот. Услугата набавка на храна е побарана од едно лице, додека однесени се 51 пакет со прехранбени артикли и 96 пакети со хигиенски средства. На тој начин опфатени се 97 домаќинства со вкупно 360 лица од социјалните категории, изјави информира Шкљќим Мурати, секретар во тетовскиот Црвен крст.

Во текот на измината недела Црвениот крст Тетово бележи 48 дарители на крв. Сите доаѓаат во службата за трансфузиона медицина поради неможноста за целосно спроведување на традиционални крводарителски акции по установи.ас/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Каранфилова-Пановска: Ќе бидам верен соработник во креирањето и спроведувањето на новите политики за промени на СДСМ

Обвинителство: Има материјални докази дека Палчо е сторител на двојното убиство

МЖСПП: Советничката Ирена Витина подобро да се информира, пред да изнесува невистини во јавност