Утрински Весник
Македонија

Сопружници во бракоразводна постапка пријавиле во полиција дека биле нападнати еден од друг

Три лица во Прилеп осомничени за насилство

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Прилепчанец пријавил во полиција дека сопругата го нападнала и повредила со остар предмет, а сопругата пак еден час подоцна, во истата станица пријавила дека тој физички ја нападнал.

Како што соопшти МВР, вчера во 22:15 часот, 40-годишен маж пријавил дека во 19:30 часот во домот каде престојува неговата сопруга (28), со која се во бракоразводна постапка, по претходна расправија, со остар предмет го удрила во пределот на грбот и му нанела повреда. Истиот ден, во 23:15 часот во ОВР Прилеп, сопругата пријавила дека во 19:30 часот во нејзиниот дом, нејзиниот сопруг физички ја нападнал.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. бк/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Осма жртва од западнонилска треска

Нов пожар кај Стенковец, црн чад се шири кон Скопје