Утрински Весник
Свет

Захарова: Следат контрамерки за ограничување на руските медиуми

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека ќе ги покани шефовите на американските медиуми во Москва на состанок следниот понеделник со цел да ги информира за можни остри контрамерки на ограничувањата на руските медиуми во САД.

„Доколку во САД не се нормализира работата на руските медиуми, оператори и новинари, неизбежно ќе следуваат најстроги мерки“, изјави портпаролката на министерството Марија Захарова, пренесува ТАСС.

Соединетите Американски Држави, исто така, ги казнија медиумите под контрола на Кремљ како дел од санкциите против Москва, а трите руски телевизиски мрежи кои беа санкционирани од САД во мај се рускиот Прв канал, телевизијата Русија-1 и НТВ, објави Си-ен-ен.

Можете да прочитате

Борците на ПКК почнаа со церемонијално предавање на оружјето во Ирак

Лавров: Русија ја повтори својата позиција за Украина во разговорот со Рубио

САД подготвуваат предлог-закон за санкции од 500 отсто за земји што купуваат руска енергија